Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две лица застрелани во центарот на Париз по победата на Макрон

Две лица застрелани во центарот на Париз по победата на Макрон

Две лица загинаа, а едно е повредено кога полицијата отворила оган врз автомобил во центарот на Париз.

Инцидентот се случил синоќа, нешто пред полноќ, додека толпата која дојде да го бодри Емануел Макрон на Шан де Марс за неговиот реизбор се растера

Инцидентот кој се случил во текот на ноќта е снимен во близина на Понт Нојф во Париз. Полицијата првично го забележала автомобилот како вози во погрешна насока и се обидела да изврши проверка, додаваат француските медиуми.

ТВ BFM исто така објави дека агенцијата за надзор на француската полиција IGPN го истражува инцидентот, пренесува Ројтерс, затоа што се смета дека автомобилот можел да удри во полицијата.


Слично

Поврзани вести