Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две Индијки направија 3Д пешачки премини

Две Индијки направија 3Д пешачки премини

Две жени во Индија ги натераа возачите да ги почитуваат пешачките премини.

Такур Панда и Шакунтала Панда, мајка и ќерка нацртаа 3Д пешачка патека како експеримент, оценет од властите како успешен.

„Уметноста придонесе за патната безбедност во индискиот град Ахмедабад и овој шармантен начин успева да се бори со инцидентите на патот“ - пишува The better India.

Ова е  успешен метод за предупредување на возачите. Уличната уметност е релативно нова во Индија и такви проекти секогаш предизвикуваат љубопитност и одушевување.

Со дозвола на локалните власти, 3Д пешачките патеки се појавуваат на неколку локации во градот, главно на точки, познати по чести незгоди. Сликарките признаваат дека црпат инспирација од странските земји каде што овој метод е широко распространет. Пешачката патека е насликана така што возачите имаат чувство дека ќе удрат во камени блокови и инстинктивно ја намалуваат брзината.

Слично

Поврзани вести