Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две години затвор доби брокерот за осигурување кој го измами Том Хенкс

Две години затвор доби брокерот за осигурување кој го измами Том Хенкс
Осигурителен брокер од Јужна Калифорнија, кој вештачки ги зголемувал за стотици илјади долари премиите за осигурување на холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, е осуден на повеќе од две години затвор. Џери Голдман добил казна од 27 месеци во понеделникот. Тој, исто така, треба да врати околу 840.000 долари, кои ги проневерил нелегално, информира City News Service. Според обвинителите, во периодот 1998-2011 година Голдман вештачки ги зголемувал премиите за осигурување на семејството на Хенкс до 600% и издавал лажни фактури, за да ја прикрива измамата. Во првичното обвинение се тврди дека Голдман измамил и други луѓе, меѓу кои Енди Самерс, поранешниот гитартист на The Police. 60-годишниот Голдман се изјасни за виновен во април.
Слично

Поврзани вести