ДВЕ ГОДИНИ ЗАШТИТА ОД КОВИД СО ВАКЦИНАТА НА МОДЕРНА: Падот на антителата е многу бавен, тврдат експертите
Стефан Бансел, извршниот директор на фармацевтската компанија „Модерна“ која исто така разви
успешна вакцина против корона вирусот денеска со позитивна изјава. Вели дека
најмалку две години ќе штити од Ковид-19 нивната вакцина која вчера од
Европската агенција за лекови ја доби дозвола за употреба.
Бансел, истовремено тврди и дека вакцината на „Модерна“ ќе има и голема ефикасност против мутациите на корона вирусот кои се појавија и во Велика Британија и во Јужна Африка.
– Кошмарното сценарио што се провлекуваше низ медиумите пролетта беше дека вакцината ќе трае само еден месец или два. Мислам дека сега тоа не е доведено во прашање. Падот на антителата оди многу бавно по примањето на вакцината. Веруваме дека заштитата ќе трае најмалку две години, рече Бансел.
FOTO: Paul Sancya/AFP