Две членки на НАТО може да влезат во војна?
Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу вели дека ако Грција продолжи да се шири во територијалните води во Егејското Море, тоа ќе го сметаат за причина за војна.
Меѓународното поморско право како што пишува Политико дозволи Грција да ги прошири своите територијални води до 12 наутички милји. Но, Турција уште во декларација од 19995 година наведува дека тоа би било повод за војна.
Чавушоглу рече дека нивниот став е јасен и дека нема да дозволи кај Крит ни за една милја да се прошират. Турците не сакаат да попуштат ниту педа. Турскиот министер им порача на Грците да не се впуштаат во авантура и да не глумат лажно херојство.
Слично
