Дванаесет земји од ЕУ до средината на јули ќе вакцинираат 70 отсто од населението
Дванаесет земји членки на ЕУ ќе вакцинираат 70 отсто од населението до средината на јули.
Овој податок го спомна денеска шефот на работната група на извршната служба на ЕУ за вакцини, Тиери Бретон. Европската комисија постави цел да имунизира 70 отсто од возрасната популација на ЕУ до крајот на летото.
Бројот на лица заразени со коронавирус расте со алармантна стапка осум последователни недели, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Минатата недела се пријавени над 5,2 милиони нови случаи, што е најмногу од почетокот на пандемијата.Смртноста исто така е во нагорна линија петта недела по ред, а пандемијата сега официјално однесе повеќе од три милиони животи.
foto freepik
Слично
