Двајца убиени во Нагорно Карабах
Еден азербејџански војник и еден ерменски сепаратистички борец денеска се убиени во азербејџанскиот отцепен регион Нагорно Карабах.
Ова се случи во најжестоките борби откако во конфликтот загинаа десетици луѓе пред шест недели. Овие немири доаѓаат еден ден откако азербајџанскиот претседател, Илхам Алијев и неговиот ерменски колега, Серж Саркисијан се договорија да го почитуваат договорот за прекин на огнот и дека ќе се обидат да ги рестартираат мировните преговори.
Договорот меѓу нив се случи вчера по разговорите во Виена, со посредство на САД, Русија и Франција и медијаторите од Минск групата на ОБСЕ.
Слично
