Двајца пилоти загинаа при уривање на руски хеликоптер во Сирија
Двајца пилоти загинаа при уривање на воен хеликоптер Ми-28Н на руското воено воздухопловство во Сирија.
Ова го соопшти денеска Министерство за одбрана на Русија, со напомена дека леталото не е соборено. Хеликоптерот се урнал рано изутринава за време на мисија во областа на градот Хомс во централниот дел на Сирија. Како што јави ТАСС, телата на загинатите пилоти се префрлени во руската воздухопловна база во Хмеимим. Се врши истрага на местото на несреќата, а причината поради која се урнал хеликоптерот засега не е позната.
Борбените хеликоптери Ми-28Н се користени при операцијата за ослободување на областа Палмира.
Слично
