Двајца џихадисти на слобода во Тунис: Учествувале во масакрот на плажата и се сокриле!
Туниската полиција соопштила дека уапсила 12 џихадисти кои се осомничени дека учествувале во нападот на хотелот со странски туристи и убивањето на капачите на плажа во Сус.
Се трага по уште двајца напаѓачи кои поминале обука во либискиот камп на џихадисти.
Во нападот на џихадисти во петокот се убиени 38 странци, најмногу британски туристи, а полицијата убија и еден напаѓач/
Во март двајца вооружени луѓе убиле 21 лице во тунискиот музеј Бардо, пред да бидат убиени.
-Оваа група е тренирана во Либија со иста цел, двајцата го нападнале Бардо, а еден Сус - рекол за новинарите министерот за парламентарни односи Лазае Акреми додавајќи дека „полицијата е во потрага по уште двајца“.
Слично
