Двајца верници загинаа, а повеќе од 130 се повредени при уривање на трибина во синагога кај Ерусалим
Двајца верници загинаа, а повеќе од 130 се повредени во уривање во синагога близу Ерусалим.
Се урнала трибина поставена во синагогоата Хасидик во Гивар Зе’ев источно од Ерусалим во неделата попладнето. Според комесарот за провпожарната и спасувачка служба, бригадниот генерал Деди Симичи за радиото Kan News, има смртни случаи на местото на несреќата, но не прецизира колку. Од синагогата петмина повредени се евакуирани во тешка состојба, осум биле со умерени повреди, додека 119 лица биле со полесни повреди. Полицијата објави дека во синагогата имало натискани 650 верници во време на молитвата на почетокот од еврејскиот празнил Шавуот.
Слично
