ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО ГЛАМУРОЗНОТО АКАПУЛКО, ДОШЛЕ НА ОДМОР ЗА ВЕЛИГДЕН: Во близина на плажата е ранета и една жена
Двајца мажи за
кои се верува дека се мексикански туристи беа убиени, а една жена е ранета во
пукање недалеку од плажата во гламурозното летувалиште Акапулко во Мексико.
Обвинителите во државата Гереро на крајбрежјето на Пацификот изјавија дека двајцата мажи биле во берберница во градот Пуерто Маркез.
Сведок на крвавиот настан за ABC7 рече дека жртвите пристигнале во Акапулко ден претходно за велигденскиот одмор и дека биле убиени во теренско возило кога напаѓачите на мотор отвориле оган врз нив. Нема информации за состојбата на жената, која пред да пристигне полицијата е префрлена во болница.
Acapulco shooting leaves 2 tourists dead near beach in Mexican resort town https://t.co/AMBId1BYNU
— ABC7 Eyewitness News (@ABC7) April 8, 2023
Во Акапулко, бран на насилство меѓу нарко-картелите започна во 2006 година, но во првите неколку месеци од 2023 година насилството стана уште полошо. Во јануари, обвинителите во јужно Мексико соопштија дека пронашле тела на пет мажи во село северно од одморалиштето Акапулко на крајбрежјето на Тихиот Океан.
Стејт департментот ги повика американските граѓани да не патуваат во шест популарни дестинации во Мексико, вклучувајќи го и најатрактивниот Кан Кун.
ФОТО: Twitter
