Двајца руски војници кои гранатираа училиште во Харков завршија во затвор
Уште двајца руски војници се осудени за воени злосторства.
Тие ќе поминат 11 и пол години во затвор. Александар Бобикин и Александар Иванов се изјаснија за виновни по обвиненијата. И двајцата беа членови на артилериска единица која, од Русија гранатираше и училиште во североисточниот регион Харков. Нив ги заробија украинските војници. Нивните адвокати тврдеа дека војниците извршувале наредби и морале да го извршат делото, но судот го отфрлил тој аргумент. Претходно судот го осуди рускиот војник Вадим Шишимарин на доживотен затвор за убиство на цивил на возраст од 62 години. Шишимарин го убил Олександр Шелипов (62) во североисточното село Чупахивка на 28 февруари. Тој побара прошка од неговата сопруга и ја призна вината. И тој се бранеше дека му наредиле да го убие човекот.
