Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца руски генерали се убиени, а трет е тешко ранет, тврди украинската страна

Двајца руски генерали се убиени, а трет е тешко ранет, тврди украинската страна

Украинските власти тврдат дека двајца руски генерали се убиени во битка кај градот Херсон. 

Третиот генерал од 49-та руска генерална армија се наведува дека е тешко ранет, а мобилниот команден центар е уништен. 

Западните експерти тврдат дека повеќе руски генерали се убиени во акција во Украина отколку во кој било друг конфликт од Втората светска војна. 

Одбранбеното разузнавање на Обединетото Кралство сугерираше дека украинските сили извршуваат успешни контранапади и продолжуваат да го оневозможуваат рускиот напредок во источните области.

Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува дека на сите одговорни ќе им се суди. 

Најкритично е во градот Мариупол, каде уште има заглавени цивили. 

Слично

Поврзани вести