ДВАЈЦА ПАКИСТАНЦИ ГИ УБИЈА СВОИТЕ ЌЕРКИ: Едната се омажила по своја волја, а другата танцувала
Двајца мажи од Пакистан ги убиле своите ќерки поради банални причини.
Полицијата во северозападниот регион на државата денеска уапси татко кој ја убил својата 18-годишна ќерка откако видел видео на кое таа танцува. Видеото се појавило на социјалните мрежи иако девојчето не дало согласност за објавување.
Имало и второ убиство истиот ден. Неколку часа подоцна, таткото ја убил својата 19-годишна ќерка пред судот во градот Карачи, затоа што се омажила за маж по нејзин избор.
Комисијата за човекови права на Пакистан објави дека секоја година околу 1.000 луѓе во земјата ги убиваат своите блиски роднини под изговор дека ја штитат честа на своето семејство. Најчесто убиецот се извлекува неказнето поради исламската клаузула во пакистанскиот закон која им дозволува на роднините на жртвата да го помилуваат сторителот.
Комисијата за човекови права на Пакистан објаснува дека во 2016 година во земјата е донесен закон со кој делумно ја отстранил контроверзната клаузула. Сепак, ваквите злосторства не запираат.
Хиџабот стана задолжителен за сите жени во Иран во април 1983 година, четири години по Исламската револуција.
