Двајца мртви во експлозија во Норвешка
Две лица загинале, а најмалку три лица се повредени денеска во јужниот дел на Норвешка во експлозија која се случила во текот на работата на железничкиот подвозник, соопштила полицијата.
Полицијата додала дека поради експлозија, недалеку од центарот на местото Геило, се евакуирани жители од околните куќи и дека е затворен главниот автопат. Полицијата исто така побарала од училиштата во центарот на градот да не ги пушта учениците од зградата се до понатамошно известување.
На местото на експлозијата се повикани експерти за да и помогнат на полицијата во истрагата.
Засега нема други детали.
Слично
