ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА МРТВИ, ДЕСЕТ ИСЧЕЗНАТИ: Страшни поплави во источна Кина

ДВАЈЦА МРТВИ, ДЕСЕТ ИСЧЕЗНАТИ: Страшни поплави во источна Кина

Бурата донесе пороен дожд од 364 милиметри, предизвикувајќи ненадејни поплави.

Две лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати по поплавите предизвикани од обилните дождови во источна кинеска провинција рано утрово, соопштија локалните власти.

Бурата го погоди округот Лајву во Џинан, главен град на покраината Шандонг, со 364 милиметри дожд, соопштија регионалните власти.


Дождот предизвика ненадејни поплави во близина на две села во општина Давангжуанг, уништувајќи 19 куќи, јавува Синхуа.

Локалните власти започнаа операција за пребарување и спасување.


Провинцијата Шандонг е густо населен регион на источниот брег на Кина. Летните монсунски дождови често го погодуваат овој дел од земјата, но екстремните временски услови станаа почести и поинтензивни во последниве години, што многу експерти го поврзуваат со климатските промени.

Фото: Принтскрин/Јутуб

ad
Слично

Поврзани вести