ДВАЈЦА МАЖИ ПОЧИНАЛЕ ДОДЕКА ЧЕКАЛЕ ГОРИВО: Се влошува ситуацијата во Шри Ланка
Полицијата на Шри Ланка денеска соопшти дека двајца мажи колабирале и починале додека чекале во одделни редици за да обезбедат гориво поради високите цени што доведоа до рекордна инфлација.
Двајцата мажи, во седумдесеттите години од животот, починале додека чекале бензин и керозин во два различни делови на земјата, изјави портпаролот на полицијата Налин Талдува во трговскиот главен град Коломбо.
Со недели луѓето стојат во редици на пумпите, често со часови, а земјата е под постојани прекини на струја.
Слично
