Двајца Грци се убиени во Украина
Двајца државјани на Грција се убиени во источна Украина.
Грчкото министерство за надворешни работи објави дека двајца нивни државјани се убиени, а уште двајца се тешко повредени во судирот на украински војници и проруски сепаратистички сили на истокот на Украина, јави Ројтерс.
Грчкото министерство за надворешни работи во соопштението наведува дека тројца украински војници се „одговорни“ за смртта и за ранувањето на четворицата Грци во селото Хранитна. Соопштено е дека насилството избило кога грчките и украинските војници се скарале „од безначајни причини“. Oфицијален претставник од грчкото МНР изјавил дека инцидентот нема никаква врска со моменталниот руско-украински судир во тој регион.
Mногу земји ги повикаа своите државјани да ја напуштат Украина, но и да не патуваат во оваа земја. Тензиите меѓу Русија и Украина не се смирија.Русија ги зајакна своите воени сили распоредени на границата со Украина во текот на викендот, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Над 100.000 руски војници се блиску до границата со Украина.
foto EPA
