Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца браќа подготвувале напад во Франција - полицијата ги уапси

Двајца браќа подготвувале напад во Франција - полицијата ги уапси

Спречен е нов напад во Франција, и фатени се двајца браќа со египетско потекло, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Жерар Колон.

Шифрираните пораки ги разменувале преку Телеграм, додаде тој.

„Фатени се во 18-от париски арондисман“, на северот на престолнината, кажа за агенцијата АФП извор близок на истрагата. Едниот од двајцата мажи призна дека го подготвувале чинот, додаде истиот извор.

Апсењето е изведено на 11 мај, спроти нападот со нож во Париз што го изведе Хамзат Азимов, џихадист по потекло од Чеченија, кој уби едно лице, а пет рани во квартот Опера. 

Француската полиција во четвртокот го приведе пријателот на напаѓачот, француско-рускиот државјанин, дваесетгодишниот Абдул Хаким А. и тој ќе биде испрашан со обвинение за „придружување на терористите заради подготовка атентат врз луѓе“. 

Полицијата приведе и две млади жени, блиски на Абдул Хаким А.

Премиерот Едуар Филип објави на крајот на март дека француските служби од јануари 2015 година спречија вкупно 51 напад. 

Слично

Поврзани вести