Два пати ја победи смртта: Холандски велосипедист ги избегна двата пада на малезиските авиони
Холандскиот велосипедист Мартин де Јонг во моментот е најсреќната личност на светот.
Де Јонг, член на малезиската екипа TGS, ја победи смртта, не еднаш туку двапати.
Холанѓанецот требало да биде на малезискиот лет MH17 за Куала Лампур во четвртокот, кој падна во Украина. Тој во последен момент успеал да најде ефтина карта за друг лет.
Меѓутоа, ова не е прв пат Холанѓанецот да ја надитри смртта. Де Јонг во март требало да се најде во малезискиот авион на кобниот лет MH370. Се работи за Боингот 777 кој мистериозно исчезна од радарот и најверојатно паднал во Индискиот океан. Холанѓанецот тогаш во последен момент се откажал од патувањето, како да претчувствувал нешто.
Слично
