Економија, финансии, бизнис

Контакт

Два милиони Израелци ќе останат без своите ковид сертификати

Два милиони Израелци ќе  останат без своите ковид сертификати

Израелските власти од денеска имаат нови анти ковид мерки. Во Израел скоро два милиони граѓани остануваат без ковид-пропусница затоа што не примиле и трета доза од вакцината против коронавирусот. Без нив не можат да одат на настани или да посетуваат музеи. 

Во земјата има нови правила.  Ковид-пропусницата од денеска важи само шест месеци по примената последна доза.  Досегашните сертификати повеќе не важат и граѓаните треба да извадат нови преку веб-страницата на израелското Министерство за здравство или преку апликациите кои им се достапни од синоќа на полноќ. Граѓаните кои прележале ковид-19, за да добијат пропусница треба да прима една доза вакцина. За нив, сертификатот ќе биде валиден една недела од примањето на вакцината, а ќе истекува шест месеци по вакцинирањето. Пропусници ќе добиваат и децата до 12 години, но ќе треба да имаат негативен ПЦР тест. Израелските власти овозможија и издавање на привремени пропусници врз основа на негативен тест.  На 1 август Израел  почна со кампања за примање „бустер“ доза, првично за оние над 60 години, но сега трета доза е достапна за сите граѓани постари од 12 години. За да се добие трета доза, потребно е да поминат шест месеци од ревакцината. Израел беше земја со висока стапка на имунизирано население, но бројот  на заболени енормно скокна. 

Слично

Поврзани вести