Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за  38 дена

Громови во Бангладеш усмртија најмалку 74 луѓе за нешто повеќе од еден месец. 

Од нив 35 се земјоделци и загинаа од удари на гром во изминатите 38 дена, а експертите укажуваат на влијанието на климатските промени како главна причина за ваквите немили настани.  Save the Society и Thunderstorm Awareness Forum, објавија дека 43 луѓе загинале од гром во текот на осум дена во мај, а 31 лице во април. За еден ден во мај од гром загинаа 11 лица, а деветмина беа повредени.

Кабирул Башар, претседател на Форумот и професор на Универзитетот Јахангирнагар, изјави дека идентификувале две причини за зголемување на ударите на гром – зголеменото влијание на глобалното затоплување и сечата на дрвјата во руралните делови на Бангладеш, особено високите дрвја во полињата во Бангладеш.

Како што објавија Обединетите нации, во Бангладеш годишно во просек има 300 смртни случаи предизвикани од грмотевици.

Слично

Поврзани вести