Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВА ДЕНА БИЛЕ НА ОБУКА: Еве кого испраќаат на фронт

ДВА ДЕНА БИЛЕ НА ОБУКА: Еве кого испраќаат на фронт

Генералштабот на Украина тврди дека Русија регрутирала жители на градот Хорливка во Доњецката област, при што од 30 луѓе, 4 се лица со инвалидитет, пишува српски Блиц. 

Се тврди дека два дена биле на обука во полигонот Восточни, по што се испратени во редовите на руските вооружени сили. Украина претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да мобилизира половина милион луѓе. Претходно, Русија регрутираше луѓе кои или се постари или се млади. Андриј Черњак, портпаролот на украинското Министерство за одбрана вели дека на 15 јануари Русија ќе објави нова мобилизација, а тоа најмногу ќе влијае на Москва и Санкт Петербург. Украинската страна тврди дека ќе им требаат два месеци на Русите за да ги состават своите воени формации. 

Инаку, украинскиот претседател Володомир Зеленски им одзеде државјанство на четворица политичари, меѓу кои и на милијардерот Виктор Медведчук кој минатата година беше префрлен во Русија во рамки на договорот за размена на затвореници.

FOTO: AP PHOTO / TANJUG/AP

Слично

Поврзани вести