Два авиони со бомби летаат кон аеродромот во Брисел?
Белгиската полиција пристигнала на аеродромот „Завентем" во Брисел, по добиен сигнал за можна експлозија, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локалните медиуми.
Полицијата е на местото, а тревогата е многу сериозна. Двата авиони се очекува наскоро да слетаат на аеродромот во Брисел, пренесува Ројтерс.
На Твитер се појавија тврдења од луѓе кои смируваат дека и двата авиони веќе се приземјиле на аеродромот, а патниците се изведени на безбедно место.
Заканите доаѓаат по самоубиствените напади на аеродромот во Брисел и на две други места во градот во март во кои загинаа 16 луѓе.
Слично
