Два американски воени авиони се урнаа во Тихиот Океан
Два американски воени авиони се урнаа во западниот дел на Тихиот Океан, објави Пентагон. Пилотот на едниот авион е спасен, додека по другиот интензивно се трага.
Борбените авиони од типот ФА-18 Хорнет биле сместени на носач на авиони во поморската база Лимур, во долината Сан Хоакин во Калифорнија. На пилотот кој е спасен веднаш му е пружена медицинска помош. Авионите не се пронајдени.
Пентагон работи на расветлување на причините за инцидентот. Борбен авион од истиот тип се урна во мај годинава кога се подготвуваше за слетување на југозападниот брег на Калифорнија.
Пилотот тогаш успеа сигурно да слета со падобран.
Слично
