Дутерте жали што го опцу Обама, но не е американска кукла
Филипинскиот претседател Дутерте предизвика меѓународен скандал откако американскиот колега го нарече „кучкин син“. Потоа Белата ќука се закани дека ќе ги откаже билатералните средби и Дутерте преку неговиот кабинет излезе со соопштение во кое се извинува за искажаните зборови кои не сакал да ги искористи за лична навреда кон Обама.
Дутерте за кратко ја освои нацијата со агресивноста, безобразноста и бескруполозните политики. Тој одобри ликвидирање на сите нарко дилери во земјата која на тој начин планира да ја ослободи од зависноста со дрога. Стотина лица се убиени вон рамките на законот, а улиците се преплавени со мртви тела. САД токму за ова прашање сакаше да го укори Дутерте кој им порача дека не е американска кукла.
Слично
