Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дутерте: Богатите складираат вакцини, додека сиромашните земји добиваат по една лажица

Дутерте: Богатите складираат вакцини, додека сиромашните земји добиваат по една лажица

Земјите во развој предупредуваат на акумулација на вакцини. 

Лидерите на земјите во развој предупредија на Генералното собрание на ОН дека акумулацијата на вакцини во богатите земји овозможува развој на нови соеви на вирусот, како и дека заразата повторно зема замав.

Околу 35 проценти од луѓето во светот кои примиле барем една доза вакцина доаѓаат од земји со високи приходи, од кои 28 проценти се од Европа и Северна Америка. Стапката на вакцинација во некои земји, како што се Хаити или ДР Конго, е помала од еден процент.

„Богатите земји складираат вакцини, додека сиромашните земји добиваат по една лажица“, рече филипинскиот претседател Родриго Дутерте.

Филипините, Перу, Гана и многу други држави велат дека солидарноста не успеала, а генералниот секретар на ОН нерамномерната распределба на вакцините против коронавирусот ја нарече „бесрамна“, објави Ројтерс.

foto unsplash.com

Слично

Поврзани вести