Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУРОВ ПОД СУДСКИ НАДЗОР: Сопственикот на „Телеграм“ обвинет за 6 кривични дела, со кауција од 5 милиони евра излезе од затвор

ДУРОВ ПОД СУДСКИ НАДЗОР: Сопственикот на „Телеграм“ обвинет за 6 кривични дела, со кауција од 5 милиони евра излезе од затвор

Основачот на Телеграм, Павeл Дуров, е ставен под судски надзор и мора да плати кауција од 5 милиони евра, соопшти француското обвинителство.

- Дуров е ставен под судски надзор, меѓу другото, со услов да плати кауција од пет милиони евра, двапати неделно да се јавува во полициска станица, а му е забрането да ја напушта територијата на Франција - се наведува во документот.

Дуров е обвинет за шест кривични дела, меѓу кои и за управување со онлајн платформа за нелегални трансакции од организирана група, за што му се заканува затворска казна од 10 години.

Основачот на Телеграм е обвинет и за:

- Одбивање да се предадат клучевите за шифрирање.

- Соучесништво во дистрибуција на детска порнографија и трговија со дрога.

- Извршување на кривични дела како дел од група лица.

- Одбивање да се предадат информации и документи на надлежните органи за прислушување, што е дозволено со закон.

Инаку, бизнисменот остана единствен обвинет во случајот Телеграм.

Според првичните информации, истрагата против Дуров е во тек од февруари годинава, пренесува „Новости.рс“.

Слично

Поврзани вести