Дури во летото 2022 можеме да очекуваме нормализација, тврди германски лекар
Нормално лето можеме да очекуваме дури во 2022 година. Водечкиот германски виролог Кристијан Дростен тврди дека светот долго време нема да се врати во „нормалноста“ поради пандемијата на коронавирусот.
Тој не верува во можноста за слободно патување во текот на ова лето. За јавниот сервис АРД, лекарот предупредува на влошување на епидемиолошката состојба оваа пролет. Рече дека по Велигден сè уште нема да има доволно вакцинирани луѓе и предупреди дека ако мерките се олабават тогаш, ќе има ново силно ширење на опасниот вирус. Дростен вели дека се корисни засилените гранични контроли и намалениот обем на воздушниот сообраќај. Кажа дека пандемијата не може да се прогласи за поразена.
„Овој вирус не е безопасен. Не може да се претпостави дека веќе се покриени ризичните групи и да се прогласи победа над пандемијата. Потребно е постепено да се релаксираат мерките и секогаш да се анализира како тоа функционира“, изјави тој.
Што се однесува до летото 2022 година, Достен е убеден дека ќе изгледа подобро.
„Следното лето, за една и пол година, мислам дека ќе можеме да славиме“, вели тој.
Британскиот сој е проширен во 70 земји, јужноафриканскиот досега е регистриран во 31 земја, а бразилската варијанта е присутна во осум земји.
