Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дури кон средината на март СЗО ќе објави податоци за потеклото на коронавирусот

Дури кон средината на март СЗО ќе објави податоци за потеклото на коронавирусот

За детални информации за потеклото на коронавирусот, светот ќе почека. 

Светската здравствена организација (СЗО) се откажа од плановите за објавување на првичните резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина и најави дека целосниот извештај ќе го објави кон средината на март.  СЗО денес не ги наведе причините за промена на планот за објавување на резултатите. Мисијата на експерти на СЗО во Кина беше изведена по повеќемесечните преговори со кинеските власти, кои сакаа да спречат да бидат обвинети за пандемијата. Мисијата беше на удар на критичарите, а за СЗО имаше обвинувања дека многу се потпира на премногу политички компромитирани кинески податоци и теренска работа. Досега во светот се потврдени повеќе од 116 милиони случаи. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести