ДУРИ И МЕДИУМИТЕ НА ПУТИН СО ПРИЗНАНИЕ : Мобилизацијата прерасна во хаос, нема ни банкарски сметки за плати за новите војници
Руската Правда, позната како медиум кој го велича ликот и делото на Владимир Путин, пишува за хаосот кој настанал откако Русија мобилизирала неколку стотици војници и ги испратила на обука во Белгород и Таман. Медиумите, кои вообичаено служат како руска пропагандна алатка, овојпат пренесуваат информации кои не им користат на Путин и на руската армија.
Според Правда, војниците на Првиот тенковски баталјон и на Првата дивизија Таман не потпишале никакви договори со руската држава. Добиле митралези, но без воени документи. Мобилизацијата никако не беше официјализирана, ниту се отворија банкарски сметки за плати. Борците беа испратени во шумите каде што живеат во рововите што ги ископаа веќе шест дена. Еден медиум близок до Путин ги објави признанијата на војниците кои го опишуваат хаосот на бојното поле.
Фото: EPA/ALESSANDRO GUERRA
