Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дури и ако сте прележале ковид, можете да се заразите со омикрон

Дури и ако сте прележале ковид, можете да се заразите со омикрон

Прележан ковид не е заштита од инфекција со омикрон, велат од Светската здравствена организација(СЗО). 

Оваа информација денеска ја соопшти инфектологот Ане фон Готберг од јужноафриканскиот Национален институт за преносливи болести (НИЦД). 

„Овој проблем и натаму се истражува“, вели Фон Готберг. 

Таа изјави дека првичните набљудувања говорат дека со омикрон може да се заразат и да заболат и луѓето кои веќе прележале коронавирусот. 

Омикрон е потврден во повеќе од 20 земји, меѓу кои и Германија. Првите Омикрон-случаи денеска ги пријави Индија.

Во соседството, сојот го има во Грција. Заразен е човек на Крит, кој се вратил од Јужна Африка. Сојот се појави во Јужна Африка и брзо се шири во светот. 

Слично

Поврзани вести