Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дури 76 земји во светот се опасни и се препорачува луѓето да не патуваат таму

Дури 76 земји во светот се опасни и се препорачува луѓето да не патуваат таму

Вкупно 76 земји се наоѓаат на „црната листа“ и се ризични за патување. 

Тие се најдоа на оваа листа поради тероризам, криминал и нестабилност, предупредуваат британските власти. Во одредени делови од светот сè поизразени се и други ризици – вооружени грабежи, киднапирања, сексуално насилство, како и политичка нестабилност која дополнително ја комплицира ситуацијата.

Според податоците на Foreign, Commonwealth & Development Office, бројот на дестинации кои се сметаат за ризични за патување значително се зголемил во последните неколку години. Од 2019 година листата е проширена за уште 12 земји.

Од тој број, 14 земји се означени како целосно небезбедни за какво било патување, додека за уште 38 постојат региони кои треба да се избегнуваат.

За дополнителни 24 земји се советува патување само во крајна нужда.

Меѓу државите кои се сметаат за особено опасни се издвојуваат:

Авганистан – екстремен ризик од тероризам и политичка нестабилност, со можност за долготрајно притворање на странци.

Хаити – висок криминал, чести киднапирања и улично насилство.

Буркина Фасо, Мали и Нигерија – чести терористички напади и нестабилност.

Иран – напната безбедносна состојба и ризик од апсење.

Русија – зголемена опасност од напади на јавни места.

Сирија, Јемен, Ирак и Палестина – сериозни закани од конфликти и тероризам.

Белорусија – можност за апсење поради политички активности.

Јужен Судан – вооружени судири и насилство.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести