Дури 21 година е најбогат Американец!
Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс цела 21 година неприкосновено владее на тронот - повторно е избран за најбогат Американец од страна на угледниот магазин „Форбс“.
Според проценките на магазинот, Гејтс „тежи“ 81 милијарда долари, а втор по богатството меѓу американските граѓани е Ворен Бафет кој поседува имот вреден 67 милијарди долари.
Трет е Лери Елисон, основач и извршен директор на Oracle Corp. кој неодамна ја најави неговата оставка, со богатство од 50 милијарди долари.
Најмлади милијардери се 30-годишните Дастин Московиц (54.место) со богатство од 8.1 милијарда долари и Марк Џукерберг (11. место) со 34 милијарди долари. И двајцата се коосновачи на Facebook. Цукерберг е милијардер кој најмногу го зголемил неговото богатство од лани, поточно успеал повеќе од да го удвои - од 15 на 34 милијарди долари.
Гејтс е прв на листата на најбогати Американци 21 година, а годинава е прв и на листата на најбогати луѓе на светот.
Слично
