Дури 2.000 германски доброволци ќе се борат против еболата во Африка
Околу 2.000 доброволци се јавиле на повикот на германското Министерство за одбрана за ангажман во западна Африка, каде ќе работат на сузбивање на смртоносната болест ебола.
„Тое е еден многу силен знак за подготвеноста да се помогне“, вели министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен. Германската Влада во повикот што го објави, пред се бараше лекари и болничари за една мобилна болница во Африка, која ќе се бори против еболата.
Но, веќе првите 24 часа по објавувањето, на огласот се пријавиле дури 500 доброволци, меѓу кои и резервисти и цивили. Германската влада деновиве се најде под критика на организацијата Лекари без граници дека не прави доволно во борбата против еболата, па германската канцеларка Ангела Меркел минатата недела мораше да вети дополнителна помош.
Слично
