Дури 10.000 авганистански командоси би можеле да ја прифатат руската понуда да војуваат во Украина?
Русите се обидуваат да регрутираат авганистански командоси.
Според Форин полиси, Русија ги контактирала и им се нуди да се приклучат на руската армија и да се борат во Украина.
Повеќе авганистански воени и безбедносни извори изјавиле за Форин полиси дека испраќањето командоси во Русија може да има значително влијание на фронтот. Лани кога западните сили го напуштија Авганистан, зад себе оставија 20-30 илјади командоси доброволци. Многу од овие командоси сега се без работа, а некои сè уште чекаат да добијат сместување во Велика Британија или во САД.
Некои извори наведуваат дека околу 10.000 поранешни командоси би можеле да ја прифатат руската понуда. Голем број Чеченци војуваат во Украина.
Во Херсон, кој е под руска окупација, според украински извори, вчера загинале повеќе од сто чеченски војници во артилериски напади. Војниците испратени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вчера биле под ракетен оган.
