Дупка во законот, досетлив газда и – „Глупав Старбакс“!
Ново кафуле е отворено во Лос Анџелес, кое многу наликува ка кафе-продавниците од ланецот на „Старбакс“. Сепак постои разлика.
Имено, иако имаат исто лого, ист фонт на буквите во името на фирмата, исти бои, сепак не се работи за обичен, туку за „Глупав Старбакс“ („Dumb Stаrbucks“)!
Во „Глупав Старбакс“ се точи „глупаво капучино“, „глупав чај“ и „глупаво еспресо“, а се слуша и „глупава музика“. Всушност дупка во законот му дозволува на сопственикот на ова кафуле да го искористи светски познатиот бренд на „Старбакс“ за сопствена промоција.
Според калифорниските закони, овој случај спаѓа во категоријата „пародии“ и затоа може да има исто лого и речиси исто име како реномираниот ланец на кафетерии.
Иако и клинетите признаваат дека вкусот на кафето во оваа кафетерија воопшто не е сличен со оној во „Старбакс“ сепак заради досетливоста на сопственикот во ова кафуле има редици муштерии.
Од вистинскиот ланец „Старбакс“ велат дека иако ја ценат смислата за хумор, сметаат дека конкурентот нема право да го користи нивниот заштитен бренд.
Во меѓувреме, сопственикот на „Глупав Старбакс“, канадскиот комичар Нејтан Филдер, најавува дека има намера да отвори уште една „глупава“ кафетерија и тоа во Њујорк.

Слично