Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУПКА ГОЛЕМА КОЛКУ БАЗЕН СЕ ОТВОРИ НА ПРОМЕТЕН БУЛЕВАР ВО ЈАПОНИЈА - пропадна камион, спасувачите се обидуваат да го извлечат возачот

ДУПКА ГОЛЕМА КОЛКУ БАЗЕН СЕ ОТВОРИ НА ПРОМЕТЕН БУЛЕВАР ВО ЈАПОНИЈА - пропадна камион, спасувачите се обидуваат да го извлечат возачот

Камион и неговиот возач се проголтани од дупка која наеднаш се отворила на прометна раскрсница во Јапонија, соопштија властите, а во тек е спасувачка операција.

Официјалните лица рекоа дека возачот бил заглавен во дупката, приближно 20 метри длабока, околу осум часа откако се формирала. Според извештаите, дупката се формирала околу 10 часот по локално време.

Возачот бил заробен во возилото дури осум часа откако падна во кратерот, кој е приближно 20 метри длабок и 32 метри широк, и се формирал во во јапонскиот град Јашио, јавуваат светските медиуми.

Официјални лица рекоа дека уривањето, се смета дека е предизвикано од пукнатина во канализационата цевка во сливот на реката Накагава.

Човекот останал заробен поради тоа што возачкото седиште било наполнето со песок и кал, според ТВ станицата Нипон, која објавила дека спасувачките тимови пумпале воздух во дупката за да му дадат кислород на возачот.

Воздушните снимки од радиодифузерот покажаа дека најмалку 12 противпожарни возила се на местото на настанот во градот, кој се наоѓа северно од главниот град на Јапонија, Токио.


Јапонските медиуми ја цитираа полицијата дека возачот бил сè уште свесен и способен да разговара со полицајците порано во текот на денот, но телевизијата подоцна објави дека спасувачите повеќе не можат да комуницираат со него.

Полицијата, исто така, беше цитирана дека е во тек истрага за да се потврди што ја предизвикало дупката, која се појавила на патот со ресторани и локални бизниси, на помалку од една милја од градското собрание на Јашио.

Во меѓувреме, некои на социјалните мрежи изразија загриженост за локалната инфраструктура.

Тоа доаѓа откако во септември минатата година во градот Хирошима се појави дупка кога пукна подземна водоводна цевка и патот попушти, што значи дека неколку луѓе заробени во згради мораа да бидат спасени.

Слично на тоа, во 2016 година, во јапонскиот град Фукуока ненадејно се појави џиновска дупка широка околу 98 метри и длабока 50 метри и проголта пет коловозни ленти пред да биде поплавена.

Инцидентот го привлече вниманието на светот бидејќи работниците го поправаа патот за неколку дена.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести