Дуда: За неколку недели ќе видиме дали Украина ќе преживее
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека стравува дека Русија подготвува нова офанзива во Украина за неколку месеци, додавајќи дека е клучно да се обезбеди дополнителна поддршка на Киев со модерни тенкови и проектили.
- Тие (Русија) се уште се многу силни и се плашиме дека се подготвуваат за нова офанзива за неколку месеци, па затоа е клучно да се испрати дополнителна поддршка за Украина, особено модерни тенкови и модерни ракети. За неколку недели или месеци ќе видиме дали Украина ќе преживее, рече Дуда.
Ова полскиот претседател го изјави додека учествуваше на Меѓународниот форум во Давос.
Слично
