ДУДА: Секој сантиметар од украинската територија кој би ѝ бил препуштен на Русија би бил катастрофална грешка
Полскиот претседател Анджеј Дуда вели дека е оправдано враќањето на Железната завеса заради безбедноста на Европа.
Според британскиот Сандеј Тајмс, Дуда потенцира дека и покрај разликите меѓу Полска и Украина, неговиот став останува непроменет.
Вели дека секој сантиметар од украинската територија кој би ѝ бил препуштен на Русија како дел од договор би бил катастрофална грешка.
„Украина мора да добие сѐ што ѝ е потребно од Западот за победа во војната против Русија, што е важно не само за Украина, туку и за цела Европа“, изјави Дуда.
На прашањето дали Украина реално може да ги врати сите окупирани територии, Дуда даде директен одговор.
„Ако сте толку дарежливи кон Русија, зошто не ѝ дадете дел од вашата земја? Зошто Русија заслужува туѓа територија?“, рече Дуда.
Според него, некои западни политичари со страв гледаат на овој проект.
Како дел од проектот „Источен штит“, Полска до 2028 година планира да изгради 700 километри одбранбени системи, логистички центри и системи за противвоздушна одбрана покрај границите со Русија и Белорусија.
Полскиот дипломат Пјотр Лукашевич изјави дека проектот има за цел да заштити од инвазијата на Русија и Белорусија.
Украина претходно соопшти дека не сака да прави компромис со територија.
