Дуда се плаши дека Русија ќе ја нападне Полска, но вели подготвени се да се бранат
Во Полска расте стравот дека е можно по Украина, Русија и нив да ги нападне.
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека неговите сонародници се плашат од можен руски напад. Но, додава дека имаат искуство во војни со нив и дека се подготвени да се бранат. Во интервју за Си-Ен-Ен, Дуда најави и дека инвестициите во одбранбените капацитети на земјата ќе продолжат и во наредниот период, кои ќе бидат над 2 отсто колку што бараат земјите-членки на НАТО.
Се заблагодари на своите сонародници за помошта што им ја пружиле на повеќе од два милиони Украинци кои моментално живеат во Полска од почетокот на руската инвазија на оваа земја.
Властите во Словачка исто така стравуваат од Русија.
Словачкиот премиер Едуард Хегер неодамна испрати силно предупредување за иднината на неговата земја во случај Русија да ја победи Украина. Хегер вели дека ако Украина падне, Словачка е следната. Рече дека Украина мора да победи. Повеќе од три месеци руските сили војуваат во Украина.
foto Jakub Szymcuzuk
