Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дуда потврди дека сепак и натаму ќе испраќаат оружје во Украина

Дуда потврди дека сепак и натаму ќе испраќаат оружје во Украина

Полска сепак нема да престане да праќа оружје во соседната Украина. Полска може да ѝ испрати на Украина постаро оружје.

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека Полска може да ѝ обезбеди на Украина постаро оружје од својот арсенал, откако ќе го замени со модерно. Рече дека не доаѓа предвид донирање на нова опрема што неговата земја сега ја набавува, како јужнокорејските хаубици К9 или тенковите К2.

„Оваа опрема мора да се користи за зајакнување на полската армија. Не трошиме милијарди на опрема за само да ја предадеме“, изјави Дуда во интервју за Супер Експрес, а пренесува Киев Индипендент.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки неодамна изјави дека Варшава нема да испрати повеќе оружје во Украина бидејќи се фокусира на обнова на сопствениот воен арсенал. Украина и Полска малку ги заладија односите поради извозот на житото. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целиот „театар“ околу житото оди во прилог на Москва. Оваа изјава ги налути полските политичари. Лани на 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина и војната уште трае. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести