Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда изјави дека земјата е подготвена да распореди нуклеарно оружје на сојузниците на НАТО на своја територија доколку тие тоа го сакаат.

„Русија се повеќе го милитаризира округот Кенигсберг (Калининград). Подготвени сме за тоа“, изјави Дуда.

Тој истакна дека Полска на тој начин ќе ја спроведе заедничката политика на алијансата чиј член е, пренесува полската агенција ПАП.


Зборувајќи за неодамнешната средба со поранешниот американски претседател и републикански кандидат за американски претседател Доналд Трамп, Дуда истакна дека тоа е „првенствено приватна средба“ и дека има „многу спомени, но и достигнувања“ од соработката со Трамп. 

„Навистина ми се допаѓа да разговарам со него бидејќи тој е исклучително интересна личност и има големо искуство, политичко и деловно“, додаде Дуда.

Запрашан за можното повлекување на САД од НАТО во случај Трамп повторно да стане претседател, Дуда рече дека тоа нема да се случи.

„Не, го познавам претседателот Трамп. Убеден сум дека интересите на САД ќе бидат спроведени кога претседателот Трамп повторно ќе ги води“, рече Дуда.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести