Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУДА ИМ ПОРАЧА НА СОНАРОДНИЦИТЕ ДА БИДАТ МИРНИ: Добил важни гаранции од САД

ДУДА ИМ ПОРАЧА НА СОНАРОДНИЦИТЕ ДА БИДАТ МИРНИ: Добил важни гаранции од САД

Полскиот претседател Анджеј Дуда доби гаранција од САД дека нема да го намали военото присуство. 

Тој изјави дека добил „гаранции“ од САД дека не размислуваат за намалување на присуството на нивните сили во регионот, по состанокот со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог. Тој побара од своите сонародници „да останат мирни“ во однос на американската политика во регионот.

„Добивме уверување дека нема апсолутно никаква американска намера да се намали активноста овде во нашиот дел од Европа, особено во безбедносната сфера, да се намали бројот на американските сили“, изјави Дуда, кој важи за поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Бета.

Делегации на Русија и САД денеска се сретнаа во Саудиска Арабија, да разговараат за мир во Украина.  

Слично

Поврзани вести