Дубаи ќе биде домаќин на EXPO 2020
Дубаи ќе биде домаќин на светската изложба EXPO 2020 година , пренесе CNBC , повикувајќи се на Bureau International des Expositions по пребројување на гласовите на 167 -те земји -членки на организацијата во Париз .
Дубаи победи со 116 гласа, надминувајќи го Екатеринбург во Русија , Измир во Турција и Сао Паоло во Бразил. Така настанот за прв пат ќе биде одржан на Блискиот Исток. Претходно Дубаи обезбеди висока јавна поддршка од неколку земји, вклучувајќи ја Велика Британија .
„Кога Британија мисли за Дубаи и неговите соседи , мислиме на одлични бизнис партнерства. Горди сме што исламските инвестиции помагаат во финансирањето на некои од нашите најголеми банки , продавници, па дури и на Олимпиското село ", рече минатиот месец британскиот премиер Дејвид Камерон .
Според прогнозите на британската консултантска компанија Oxford Economics настанот ќе привлече 25 милиони посетители . Покрај тоа благодарение на него ќе бидат отворени над 277 000 работни места , а поголемиот дел од нив ќе го опфатат периодот 2018-2021 година
Минатиот месец од Bank of America Merrill Lynch објавија дека Владата во Дубаи се очекува да направи капитални расходи за 6,8 милијарди долари и оперативни трошоци за 1,6 милијарди долари. Ова, за возврат ќе доведе до " скромно " зголемување на БДП . Вкупниот очекуван ефект се очекува да биде околу 23 милијарди долари , или 3,5 % од годишниот БДП .
Слично
