Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дубаи ќе добие „паметен“ јавен превоз

Дубаи ќе добие „паметен“ јавен превоз

До 2030 година Дубаи ќе добие „паметен“ јавен превоз, објавија Обединетите арапски емирати.

Дотогаш 25% од сообраќајот ќе се одвива преку автоматски автомобили во кои нема возачи. Засега во земјата има 1.5 милиони регистрирани возила. Веќе е воведен современ метро систем без возач, во кој лани се превезени 178 милиони луѓе.

Се смета дека овој „паметен“ превоз ќе ги намали трошоците и сообраќајните незгоди. Оваа идеја е реална, но од неа проблеми ќе имаат илјадници такси возачи. За реализирање на овој проект веќе е потпишан договор со француски произведувач на вакви автомобили.

Слично

Поврзани вести