Државниот долг на САД го достигна плафонот
Државниот долг на САД го достигна максимумот во историјата на земјата, со исклучок на краткиот период за време на Втората светска војна. Во моментов, долгот на земјата е 73% од бруто домашниот производ, пренесува агенцијата Франс прес.
Тоа е двојно повеќе од индикаторите на крајот на кризната 2007 година, се наведува во извештајот на Комитетот за буџет на Конгресот.
Според прогнозите на Комитетот, ако се зачува постоечката законска регулатива, тогаш државниот долг во однос на БДП во рок од неколку години многу малку ќе се намали.
Слично
