Државната телевизија се затвори, Меркел со поддршка за грчките мерки за штедење
Поддршка до германската канцеларка Ангела Меркел за грчките мерки за штедење. Како што се наведува во соопштението од германската Влада, премиерот на Грција, Антонис Самарас ја има целосната поддршка за реформите, а како што му посочила Меркел вчера попладне во телефонскиот разговор, кастрењата на работните места ќе мора да продолжат.
„Грција веќе постигна чувствителен напредок и денес е во далеку подобра ситуација во многу работи во споредба од пред неколку месеци“, изјавила Меркел, по што Самарас нагласи дека грчката Влада не планира да се откаже од одлуката за затворање на државната радио и телевизија ЕРТ.
Државната телевизија се затвори откако во вторникот, владата донесе неочекувано решение за создавање нова медиумска куќа со помалку вработени. Ова резултираше со протести и критики од меѓународните медиумски организации.
Со затворање на државната телевизија, околу 2.700 вработени останаа на улица.
Самарас потенцира дека би било лицемерно од страна на Владата да направи чекор назад, бидејќи неговата конзервативна партија Нова демократија, како и коалициските партнери, претходно потпишале договор со меѓународните кредитори на Грција, кој подразбира отказни решенија за 2.000 државни службеници годинава.
Слично
