Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државна контрола над Твитер?

Државна контрола над Твитер?
Во последните неколку години Twitter стана нешто повеќе од канал за размена на селфиња и забавни видеa. Социјалната мрежа започна да служи како важна платформа за политички дискусии и коментари во многу држави. Го користат политичари, новинари и активисти за споделување мисли, идеи и апели кои понекогаш доведуваат до важни последици во реалниот свет. Новиот извештај на компанијата објавен оваа недела, покажува до кој степен некои земји се обидуваат да ја контролираат оваа средина. Twitter доби вкупно 796 барања за отстранување содржини во втората половина на 2014 година. Ова претставува значително зголемување со над 80% во однос на претходните шест месеци. Претседателот на Турција Реџеп Ердоган вети дека ќе го "уништи" Twitter, а потоа привремено го забрани пристапот до услугата, поради масовните протести против владата. Турската влада е рекордер во желбата да престанат твитувањата - помеѓу јули и декември 2014 година тоа пратени се 477 официјални барања за отстранување на содржина, повеќе од сите други влади заедно. Twitter тврди дека поднел приговор против повеќе од 70% од турските барања поради прекршување на слободата на говорот. Сепак повеќето од приговорите паѓаат во турски судови и компанијата на крајот се согласува со 50% од барањата на владата. На крајот Twitteр сопре 1 820 твитови и 62 акаунти во земјата. На второто место доаѓа Русија, која поднела голем број барања за содржина и корисници кои да треба да бидат отстранети од Twitter. Властите во Москва увезле 90 барања во втората половина на 2014 година, од кои 87% не биле почитувани од Twitter. Податоците од извештајот за транспарентност покажуваат дека Twitter е свесен за својата улога во политичката дебата. Фактот дека компанијата уважи само 13% од сите барања за отстранување на содржина во текот на последните шест месеци, покажува дека таа ја прифаќа слободата на говорот сериозно. Графиконот го покажува бројот на барања за отстранување содржини од Twitter, добиени од влади и агенции за во втората половина на 2014 година. download K.K.
Слично

Поврзани вести