Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државите на кои CАД им должат најмногу пари

Државите на кои CАД им должат најмногу пари
Прашањето за долгот на САД е многу актуелно во моментов . За доста краток период ( од управувањето на Клинтон до сега ) САД успеаја да преминат од вишок кон тоа да се една од најзадолжените земји со светот. Износот на долгот се пресметува на околу 16 трилиони долари, или по околу 148.000 долари по глава на жител. Еве кои се 10 -те земји на кои САД им должат најмногу пари : 10 . Хонг Конг - 120 милијарди долари Хонг Конг технички не е држава, туку е нешто како специјален административен регион со економски суверенитет. 20% од БДП на Хонгконг доаѓа од финансискиот сектор. Изгледа дека голем дел од банкарската активност тука доаѓа од купување на американски државни обврзници . 9 . Русија - 131.6 милијарди долари Иако односот на Русија кон САД не е особено топол ( во 2011 година Путин ги нарече САД „паразит " ) тоа очигледно не ја запре Русија да купи голем дел од американскиот долг. 8 . Луксембург - 146.8 милијарди долари Иако е мала земја , БДП-то по глава на жител тука е 80.700 долари. Државата е финансиски центар, а преку базирани во неа банкарски сметки, купен е голем дел од американскиот долг. 7 . Велика Британија - 156.9 милијарди долари Британија традиционално е голем сојузник на САД. Во последниве години, сепак таа значително го намали износот на американски долг, кој држи и испадна од број 3 до број 7 во рангирањето на најголемите кредитори на САД. 6 . Белгија - 167.7 милијарди долари Во класификацијата по БДП Белгија е на број 32 во светот и можеби се прашувате како воопшто е во топ 10 тука. Одговорот се содржи во два збора - даночен рај. 5 . Швајцарија - 178.2 милијарди долари 27% од вкупниот износ на приватните средства во светот се чуваат во швајцарските банки. Земјата е секогаш во топ 10 на најголемите кредитори на САД . 4 . Тајван - 185.8 милијарди долари Во несигурни времиња тајванските инвеститори претпочитаат да ги чуваат своите пари во американски хартии од вредност . 3 . Бразил - 256.4 милијарди долари Бразил е 6 - тата најголема економија во светот . Таа најмногу се потпира на нафта и извоз на други природни богатства. Економскиот раст на земјата се засилува во голема мера од инвестиции на кинески корпорации. 2 . Јапонија - 1,14 трилиони долари Во моментов односот долг кон БДП на земјата изнесува импресивни 219 % . Комбинацијата со стареење на населението и зголемен јавен долг сепак воопшто не е добра за Јапонија . 1 . Кина - 1.28 трилиони долари Кина е најголемиот кредитор на САД. Земјата со население од 1,3 милијарди луѓе и забележува повисок раст , од која и да е друга држава.
Слично

Поврзани вести